Утрински Весник
Свет

Зграда во Турција ги „голтна“ автомобилите

Зграда во Турција ги „голтна“ автомобилите

На Твитер се споделуваат фотографии од турскиот град Адијаман, еден од најтешко погодените од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој минатиот понеделник го погоди југот на земјата.

dobivaj vesti na viber

На фотографиите се гледаат згради кои ги „изеле“ автомобилите кои биле паркирани до нив. Долниот кат од зградата се урнал како палачинка, а горните катови се спуштиле врз автомобилите.

„ Стаклото на зградата остана недопрено. Излезе дека стаклото е поцврсто од основната структура“, напиша еден корисник на Твитер.

Нестабилноста и несоодветната градба на старите згради доведоа до големи разурнувања во земјотресот. Видеата од градовите во близина на епицентарот покажуваат разорна форма на колапс што некои ја нарекуваат палачинка. Ова се случува кога целата зграда ќе се урне, при што секој кат паѓа еден врз друг, така што изгледа како „палачинки“ на чинија. Шансите за преживување при ваков вид уривање на згради се минимални, пишува Дојче веле.

„ Висококатниците со вакво уништување се веројатно стари и имаат мека конструкција“, вели Мехди Кашани, вонреден професор по градежништво и инженерска сеизмологија на британскиот универзитет во Саутемптон.

Можете да прочитате

(Видео) Моментот кога Иран го нападна Катар

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база

Администрацијата на Трамп очекувала иранска одмазда, велат од Белата куќа