Утрински Весник
Свет

Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра

Maldives battles with rising sea levels

Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година, а најзагрозени области се делови од Италија, Франција, Холандија, Данска и балтичките земји, се наведува во студијата објавена во научното списание Scientific Reports.

Резултатите од студијата сугерираат дека е неопходно да се воведат економски мерки за регионите на кои им се заканува пораст на нивото на морето, според авторите на студијата, пренесува АНСА.
Истражувачите го симулираа потенцијалното економско влијание на порастот на нивото на морето во 271 европски регион од сега до 2100 година, во сценарио кое претпоставува високи нивоа на штетни емисии и без мерки за заштита на крајбрежјето.

Според тоа сценарио, Италија би била меѓу најтешко погодените земји. Целните инвестиции во логистика, јавни услуги и градежништво би можеле да ги намалат потенцијалните економски загуби од порастот на нивото на морето, заклучуваат научниците.

Истражувањето го спроведе холандскиот технолошки универзитет Делфт во соработка со Европскиот институт за економија и животна средина во Милано и Универзитетот Ка Фоскари во Венеција.

Можете да прочитате

Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток