Утрински Весник
Македонија

Зголемени платите на пожарникарите во Струмица: Од сега ќе заработуваат 80.000 денари

Merak.jpg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов им ги зголеми платите на пожарникарите и сега тие ќе земаат 80.000 денари. Веста ја соопшти градоначалникот на социјалната мрежа ФБ.

„И официјално храброста доби достоинство!
Тоа е најмалку што можев да направам за нашите пожарникари, луѓето со невидена пожртвуваност и одговорност, чувари на нашите животи и материјални добра, на нашата Струмица.


Со заменик командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев, денеска го потпишавме Меморандумот за соработка и спроведување на систем за вреднување на работна успешност.
Ова значи плата од 80.000 денари плус додатоци која ќе важи од септември, а исплатена во октомври.
Среќен сум, а знам дека и нашите пожарникари се среќни затоа што ќе имаат највисоки плати меѓу своите колеги, со своите семејства ќе имаат достоинствен живот, ќе бидат уште повеќе мотивирани и попрофесионални во професијата со висок ризик по нивните животи.

Ве почитувам од срце и душа, ви се восхитувам на храброста, ја ценам вашата пожртвуваност и ја заслуживте мојата одлука за враќање на вашето достоинство и чест.

Од срце за нашите херои!
Од срце за нашата Струмица!“, напиша Костадинов на ФБ

Можете да прочитате

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик