Утрински Весник
Македонија

Зголемени цените на угостителските услуги

Kafe.webp.webp

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто.

Според Државниот завод за статистика, цЦените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година.


Цените во угостителството по групи во септември 2025 година во однос на август 2025 година се зголемени кај Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Можете да прочитате

(Докази) СДСМ: Го следиме трагот на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Наследството на Св. Климент Охридски нè потсетува дека истрајноста е решение за секој предизвик и патоказ кон напредок

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари