Утрински Весник
Македонија

Зголемена минималната плата: Дознајте колку ќе изнесува и од кога ќе почне да се спроведува

Denari Pari.jpg

ВЛЕН, преку соопштение до медиумите, соопштува дека Владата продолжува да ја демонстрира својата посветеност за подобрување на животниот стандард и економското зајакнување на граѓаните.

Од ВЛЕН велат дека една од значајните мерки на овој план е зголемувањето на минималната плата на 400 евра (24.400 денари), што ќе почне да се спроведува од април и ќе се одрази на платите што работниците ќе ги добиваат во мај.


„Како што најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ова зголемување е резултат на имплементацијата на законската формула за утврдување на минималната плата, која се заснова на 50 отсто од индексот на расходи за претходната година и 50 отсто од просечната плата. Овој механизам гарантира правично и одржливо зголемување на платите, обезбедувајќи граѓаните директно да имаат корист од економскиот развој на земјата“.

„Коалицијата ВЛЕН го смета зголемувањето на минималната плата како важен чекор кон подобрување на условите за живот и зајакнување на куповната моќ на граѓаните. Сепак, остануваме посветени на продолжување на реформите и другите мерки за поддршка кои позитивно ќе влијаат на благосостојбата на граѓаните и на економската стабилност на земјата“, велат од ВЛЕН.

Нагласија и дека Владата и ВЛЕН ќе продолжат со блиската соработка со синдикатите, бизнисите и сите релевантни чинители за да се гарантираат повисоки плати, подобри услови за работа и фер економски развој.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!