Утрински Весник
Македонија

Зголемен бројот на странски туристи, намален на домашните

Turisti Vo Skopje.jpg
Dik 300x250 mk

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130.739, од кои 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. 

Во мај се евидентирани 231.313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските.


Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските зголемување за 23.6 %. 

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 12.0 %. Кај домашните туристи има намалување за 0.3 %, а кај странските зголемување за 18.7 %.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ/НАИ

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати

Кривична пријава против поранешен директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата”