Утрински Весник
Магазин

Зендаја ќе биде новата Клеопатра

Img 8195

Најавено е снимањето на новиот филм „Клеопатра“ за легендарната египетска кралица и потврдено е дека Зендаја ќе ја игра главната улога.

Денис Вилнев, режисерот на филмот „Дина“ веќе се подготвува за својот следен голем проект. Филмот во кој студиото Sony Pictures ќе ја претстави Зендаја во улогата на египетската кралица ветува дека ќе биде исклучително значаен во светот на кинематографијата, а критичарите шпекулираат дека ова ќе биде највпечатливата и секако најкоментираната улога на младата актерка и дека тоа би можело да и донесе вредни награди.

Иако разговорите за учеството на Вилнев во филмот започнаа пред шест години, деталите за проектот беа оскудни и неверодостојни. Премиерата на „Дина 2“ се очекува следната година, а американските медиуми пренесуваат дека, соодветно, годинава ќе започне и снимањето на историскиот филм за египетската кралица.

Изборот на Зендаја за оваа голема улога предизвика големо внимание во Холивуд. Покрај позитивните коментари, веста проследена и со контроверзии предизвикани од реакциите на корисниците на социјалните мрежи, кои нејзината интерпретација на ликот на Клеопатра ја нарекуваат „црно перење“.

Според информациите што ги сподели познатиот инсајдер Даниел Ричман, Вилнев му ја доделил улогата на Октавијан на Тимоти Шаламе, додека се разгледува можноста Даниел Крег да го толкува ликот на Цезар.

Сценариото за филмот ќе го потпише Дејвид Скарпа, кој навестува дека заплетот на филмот повеќе ќе личи на возбудлив политички трилер отколку на класична историска приказна.

„Со Клеопатра, наместо да работиме на класичен тричасовен престижен филм, со обожаватели и англиски акценти и слични работи, ние навистина го третираме овој филм како политички трилер. Тој е валкан, крвав, полн е со вулгарности и секс и сè друго, а ние само гледаме на тоа како двочасовен, компактен политички трилер полн со атентати. Одиме во спротивна насока од она што се очекува од филмот“, изјави Скарпа во интервју за „Холивуд репортер“.

Со најавите дека снимањето ќе започне оваа година, се очекува „Клеопатра“ да се појави на големото платно до 2026 година, во зависност од распоредот на снимање.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста