Утрински Весник
Балкан

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

Zemjotres2.jpeg

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.


Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван силно, но не траел долго.

Исто така, очевидци наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и Тирана, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Директорот на затворот во Рогижина, Албанија  одгледувал марихуана, по него распишана потерница

Грција претстави систем за дигитални апликации за проверка на возраста на купувачите на тутун и алкохол

Вучиќ: Од утре дизелот реално ќе чини 250 динари