Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

Zemjotres.webp.webp

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди покраината Папуа во Индонезија, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања (USGS).

Според нивните податоци, земјотресот се случил на околу 200 километри од градот Абепура, на длабочина од 70 километри.


Пасифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека не е издадено предупредување за можен цунами по потресот.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Можете да прочитате

Авиокомпаниите се во најголема криза во последните години

Песков: Европа не е во позиција да уценува никого

Иран: Соборивме американски Ф-15 – 24info.mk