Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 5,9 степени во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 5,9 степени во Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 13 часот и 18 минути.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 36 километри и 93 километри оддалечен од градот Ангорам, каде живеат околу 1.600 жители, пишува EMSC.

Засега нема извештаи за значителна штета на згради или жртви.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД