Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Индонезија

Zemjotres2.jpeg

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди брегот на Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 142 километри источно од градот Манадо, во покраината Северен Сулавеси, која има население од околу 451.000 жители.


Земјотресот бил на длабочина од 49 километри.

Нема веднаш извештаи за жртви и не е издадено предупредување за цунами.

Во четвртокот, Индонезија беше потресена од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа најмалку 100 луѓе и предизвика голема штета.

Можете да прочитате

Историски чекор кон Месечината: Астронаутите на половина пат до Месечината

Загубите на американските авиони во судирите во Иран се зголемија на седум

Иран постави пет услови за завршување на војната