Утрински Весник
Македонија

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

(Видео) Силен земјотрес од 7,2 степени го погоди Таџикистан

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес 75 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Св. Николе-Штип.

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 13 часот и 08 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Можете да прочитате

Мицкоски во Минхен пак се сретна со 4IG, истата фирма со која имаше средба и во Давос

Цвета Ристовска поднесе оставка од ДКСК

Полицајка од Кочани киднапирала и тепала нејзина колешка приправничка