Утрински Весник
Македонија

Земјотрес почуствуван во Скопје

Земјотрес почуствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 06.1.2023 година, регистрира земјотрес чии епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје.

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 51 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

Можете да прочитате

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила