Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала се случи крај брегот на Халкидик, регистриран од Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12.53 часот, се наоѓа на 12 километри југозападно од Ормилија, Халкидик, пишува „Катимерини“.
Длабочина се проценува на 15 километри.
Според сведоштвата, потресот бил почувствуван и во Солун.