Утрински Весник
Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија

Img 9216.jpeg

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип-Радовиш, 68 километри југоисточно од Скопје.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци со кои располага, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд

ВМРО-ДПМНЕ го избра Пренџов за заменик на генералниот секретар

Савески: Обвинителството води предистраги и истраги за актуелни високи функционери