
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 18:24 часот на подрачјето на Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на потресот е лоциран на координати со географска ширина 39, 6794 и должина 20.568, западно од Јанина.
Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.


