Утрински Весник
Свет

Земјоделците во Германија, Полскаи Чешка протестираат против земјоделската политика на ЕУ

Dd 4.webp.webp

Земјоделците од Германија, Полска и Чешка демонстрираа денеска во нивните земји против земјоделската политика на ЕУ и увозот на евтини производи од Украина.

Околу 400 земјоделци со 150 трактори учествуваа во заедничката акција во полското село Богатинија на заедничкиот граничен премин, пренесе ДПА.

Земјоделците со своите возила блокираа долг пат со два кружни текови за да создадат метеж. Во заедничко писмо до германската влада и до Комисијата на ЕУ тие побараа ревизија на заедничката земјоделска политика во Европската унија.

Земјоделците, исто така, го критикуваа Зелениот договор на ЕУ, кој има за цел да ја направи Европа климатски неутрален континент до 2050 година и ја истакнаа потребата од повеќе самоопределување на нивните фарми.

Тие побараа увозот како што е украинското жито да не се дозволи неконтролирано да влегува во ЕУ, велејќи дека овој увоз ќе ги уништи пазарите во сите три земји.

Можете да прочитате

Само 17 отсто од Американците ги поддржуваат напорите на Трамп да го добие Гренланд

Иран заплени десетици „Старлинк“ антени

Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја