Утрински Весник
Македонија

Земјоделците да не палат отпад на отворен простор или ќе следуваат затворски казни

Земјоделците да не палат отпад на отворен простор или ќе следуваат затворски казни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Земјоделците од Полошкиот Регион да внимаваат да не палат отпадоци на отворен простор или на стрништа, кои бргу може да се прошират, предупреди СВР Тетово. За оние што нема да ги почитуваат предупредувањата, ќе следуваат затворски казни.

dobivaj vesti na viber

„Во полн ек се сеидбени и други земјоделски активности поради што веќе се чувствува зголемена раздвиженост на нивите, на кои интензивно се работи, особено за викендите. Оттаму, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани, да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и особено да не палат отпадоци на отворен простор или на стрништа, кои бргу можат да се прошират, особено ако времето е ветровито.

Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци и ќе им бидат заканувачки затворски казни од 6 месеци до 5, односно до 8 години, зависно од видот на пожарот, околностите во кои се случил и крајните последици“ предупредува СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово презема координирани превентивни и други мерки навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Можете да прочитате

Камион се превртел кај Желино

СДСМ: Власта е во паника од темата „мигранти за пари”

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана