Утрински Весник
Свет

Земјоделци во Хрватска утре ќе протестираат за поддршка на нивните германски колеги

Picture 1014 660x487 1.jpg

Хрватските земјоделци од источна Хрватска, утре ќе протестираат поради состојбите во земјоделскиот сектор и во знак на поддршка за германските земјоделци кои протестираат, јавија хрватските медиуми.

Протестот го организира поранешното здружение на земјоделци „Бразда“.

Организаторот истакна дека причина за протестот е актуелната состојба во земјоделскиот сектор во Хрватска, што „е оптоварен со многу проблеми“, како и желбата да им се изрази поддршка на германските земјоделци кои протестираат.Дебатата за употребата на пестициди е жешка откако во Брисел беа претставени плановите за значително намалување на нивната употреба.

Во летото 2022 година, Европската комисија претстави законски предлог кој, меѓу другото, има за цел да ја намали употребата и ризиците од хемиски пестициди за 50 проценти до 2030 година.Во Германија, предлогот ги донесе земјоделците на улица минатата година.

„Протестот се организира поради проблемите што ги создава Заедничката земјоделска политика (на Европската унија), главно поради незадоволството од начинот на кој се користи државната фарма, увозните политики итн.“, објаснија органзиаторите. Демонстрантите планираат да ги блокираат патиштата околу градот Ѓаково, како и самиот град, со трактори и друга земјоделска механизација.

Предлогот на Европската комисија за 2022 година се соочува со противење од неколку земји-членки на ЕУ.Додека некои ја препознаваат важноста на мерките за заштита на животната средина, други се вознемирени од влијанието врз нивните индивидуални земјоделски сектори и врз европската безбедност на храната како целина.

Можете да прочитате

Путин рече дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Обилни снежни врнежи ја погодија Велика Британија

Падна PayPal за многу корисници ширум светот