Утрински Весник
Свет

Зеленски воведе санкции за сопругата, ќерката и зетот на Сергеј Лавров

Зеленски воведе санкции за сопругата, ќерката и зетот на Сергеј Лавров

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја официјализираше одлуката на Украинскиот Совет за безбедност и Советот за одбрана за санкционирање на сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Според документот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Марија Александровна Лаврова (родена во 1950 година) и Екатерина Сергеевна Винокурова (поранешна Лаврова, родена 1983 година) се санкционирани на 10 години, пренесе ТАС.

Мерките вклучуваат рестриктивни мерки како конфискација на имот и забрана за купување земјиште.

Санкции беа изречени и за зетот на Лавров, Александар Винокуров (роден 1982 година).

Зеленски досега воведе санкции за 2.507 физички лица и 1.374 субјекти од Русија, Белорусија и некои други земји.

На 9 јуни, Зеленски воведе санкции и за неговиот руски колега Владимир Путин и други високи функционери од Русија, вклучително и Лавров,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа