Утрински Весник
Свет

Зеленски: Во војната загинаа 184 украински спортисти

(Видео) Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 184 украински спортисти се убиени во војната против руските окупатори од февруари.

dobivaj vesti na viber

Зеленски ова го изјави на денешниот разговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.

Зеленски се обиде да му објасни на Бах зошто Киев се противи на учество на руски спортисти на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател. Самиот Бах, да потсетиме, рече дека учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во 2024 година „се уште е под знак прашалник“.

Украина е разочарана од, како што рече, „намерата на ИОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме“, рече Зеленски.

„Не можете да бидете неутрални кога се уништени самите основи на мирниот живот, а се игнорираат универзалните човечки вредности. Праведен одговор на таквите дејствија може да биде само целосна меѓународна изолација на терористичка држава. Особено, ова се однесува и на меѓународни спортски натпревари“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години