Утрински Весник
Свет

Зеленски во пресрет на третата годишнина од руската инвазија: Русија го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна

20250223140636 Big 730x400 87.webp.webp

Русија синоќа го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Фејсбук, во пресрет на третата годишнина од руската инвазија.

Русија синоќа ја нападна Украина со 267 дронови, информира Зеленски.


– Нашиот народ секој ден се спротивставува на воздушниот терор. Во пресрет на третата годишнина од војната, Русија ја нападна Украина со 267 нападни дронови. Ова е најмасовниот напад откако иранските дронови почнаа да ги погодуваат украинските градови и села. Вкупно за една недела Русија нападна со речиси 1.150 офанзивни дронови, над 1.400 наведувани бомби и 35 ракети од различен тип – соопшти украинскиот претседател.

Тој им се заблагодари на сите кои секојдневно одбиваат вакви напади – авијацијата, противвоздушни ракетни трупи, единици за електронско војување и мобилни огнени единици на воздухопловните сили и одбранбените сили. Зеленски, исто така, им се заблагодари на оние кои се на местата на нападите и ги спасуваат луѓето од последиците од гранатирањето, повикувајќи се на екипите за итни случаи и на полициските службеници.

Украинскиот претседател повика да се направи се што е можно за праведен мир во Украина, што може да се случи „со единство на сите партнери на Украина – Европа, САД и сите кои сакаат траен мир“.

Можете да прочитате

Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна

Дводневен неформален состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО во Анталија

Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“