Утрински Весник
Свет

Зеленски вели дека војната му ја одзела можноста да го поминува своето време со семејството

Zelenski Epa.jpg

Володимир Зеленски открива дека руската инвазија, која веќе влегува во петтата година, му го одзела можноста да поминува нормално време со својата сопруга и децата.

„Не постои семеен ден, ден кога би можеле да излеземе со децата“, рече 48-годишниот претседател во интервју за AFP во претседателската палата во Киев.

Зеленски објасни дека се обидува да најде моменти за сопругата Олена и двете деца, 21-годишната Олександра и 13-годишниот Кирил, но тоа ретко се случува. „Секако, не поминувам доволно време со нив“, додаде тој.

Претседателот истакна дека постојат разговори кои се посебно важни меѓу татко и син, и кои му недостасуваат: „Мајките и бабите можат многу да помогнат, но има работи што едно момче треба да ги сподели со својот татко. Тоа едноставно го нема.“

Зеленски призна дека од почетокот на конфликтот не посетил кино, театар, продавница или кафуле, но се обидува да го следи филмскиот свет и да остане физички активен преку кратки тренинзи. Пред војната, тој редовно трчал на отворено.

Во првите две години од војната, претседателот живеел во бункер во претседателскиот кварт во Киев поради закани за атентат. Иако веќе не е таму постојано, Зеленски ја користи таа симболика како порака до Москва: „Најважно е што Русите не можат да нè затворат во бункер. Дури и ако шетаат по улиците на Москва, верувајте – тие се во вистински бункер.“

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Внимателно ќе ја анализираме ситуацијата