Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украинските пензионери ќе умрат ако не пристигне помошта од Западот

Img 7680
Dik 300x250 mk

Украинските пензионери ќе умрат без финансиска помош од Западот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој посочи дека во моментов во буџетот на државата нема пари за исплата на пензиите.

Зеленски на прес-конференција при посетата на Летонија истакна дека Украина „многу купува со своите пари“, но дека државата има големи потешкотии во финансирањето на исплатата на пензиите.

„Не можеме да одбиеме да им дадеме пензија на пензионерите. Не барам сожалување, но без пензија едноставно ќе умрат стариte луѓе. Имаме повеќе од 11 милиони пензионери – има ли барем уште една таква земја во Европа?“, рече Зеленски.

Според него, недостатокот на помош може да лиши од живот милиони украински пензионери. Тој, исто така, ги критикуваше американските политичари кои повикуваат на прекин на помошта за Киев, велејќи дека тие „не разбираат што значи да се поддржат пензионерите во земја во војна“.

 

Можете да прочитате

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција