Утрински Весник
Свет

Зеленски: Светот за влакно избегна катастрофа со радијација

Зеленски: Светот за влакно избегна катастрофа со радијација
Dik 300x250 mk

Европа се соочи со можност од радијациона катастрофа во четвртокот кога нуклеарната централа окупирана од Русија беше исклучена од електричната мрежа на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека електраната во Запорожје може да работи безбедно само поради резервите на енергија. Пожарите претходно ги оштетија надземните далноводи и ја прекинаа работата на централата, јавува Би-Би-Си.

Постои зголемена загриженост поради борбите што се водат во близина на комплексот, кој е најголемата нуклеарна централа во Европа.

Штетата е предизвикана од пожари за кои државната нуклеарна агенција на Украина соопшти дека ги прекинале далноводите што ја поврзуваат централата во четвртокот, исклучувајќи ја централата Запорожје од националната електрична мрежа за прв пат во историјата.

Државната нуклеарна компанија во петокот попладне објави дека централата е повторно приклучена на електричната мрежа, а еден од нејзините шест реактори обезбедува електрична енергија.

Сателитските снимки направени во средата покажуваат голем пожар кој гори во непосредна близина на нуклеарниот комплекс.

Претседателот Зеленски го обвини руското гранатирање за штетата, а во своето ноќно обраќање ја обвини Москва дека поради тоа Украина и Европа се „на чекор“ од катастрофа,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник