Утрински Весник
Свет

Зеленски соопшти дека со Стармер разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции.

„За време на разговорите ги разгледавме предизвиците кои стојат пред Украина и цела Европа, координацијата со нашите партнери, конкретните чекори за зајакнување на позициите на Украина и завршување на војната на праведен начин, со сигурни безбедносни гаранции“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.


Стармер вчера го пречека Зеленски во Даунинг стрит 10 со топла прегратка – еден ден по посетата на украинскиот лидер на Вашингтон и неговата средба со Доналд Трамп во Белата куќа

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени