Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Зеленски: Сè уште не сме го слушнале главното од МААЕ

Зеленски: Сè уште не сме го слушнале главното од МААЕ
300x250 opst2

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје сепак би можела да одигра важна улога, и покрај тешкотиите предизвикани од руското воено присуство во централата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„За жал, не ја слушнавме главната работа од МААЕ, а тоа е поканата до Русија да ја демилитаризира нуклеарната централа. Се надевам дека мисијата ќе го испочитува она што го договоривме и дека ќе им служи на интересите на целата меѓународна заедница“ – рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека украинските власти направиле се за да обезбедат пристапот на МААЕ до електраната во Запорожје и оти верува дека оваа мисија „сеуште може да игра улога“.

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом претходно денеска соопшти дека на мисијата на МААЕ не и било дозволено да влезе во кризниот центар на централата, каде што Украина тврди дека се стационирани руски војници и дека ќе се бори за непристрасна проценка на ситуацијата.

Зеленски, исто така, рече дека овозможувањето безбедно функционирање на електраната во Запорожје и нејзиното останување на украинската електрична мрежа ќе му помогне на Киев да дејствува во борбата против енергетската криза во Европа.

-Украина е подготвена да го зголеми извозот на електрична енергија во земјите на ЕУ – објави украинскиот претседател во видео емитувано на состанокот на форумот Амброзети во Европската куќа на северот на Италија, пренесува британската агенција.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј