Утрински Весник
Свет

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека претходната американска администрација и ветила на Украина 20.000 ракети за борба против беспилотните летала „Шахед“, но дека тие ракети потоа биле испратени на друга дестинација.

Во интервју за Еј-Би-Си Њуз, Зеленски рече дека утрово украинскиот министер за одбрана му кажал дека САД ги префрлиле ракетите ветени на Украина на Блискиот Исток, пренесе Укринформ.


„За време на претходната администрација, беше министерот за одбрана (Лојд) Остин, и ние се одлучивме за еден проект. Сметавме на овој проект – 20.000 ракети за борба против „Шахед“. Утрово, мојот министер за одбрана ми рече дека САД ги префрлиле на Блискиот Исток“, рече Зеленски

Можете да прочитате

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран