Утрински Весник
Свет

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Zelenski1.jpg

Володимир Зеленски, претседателот на Украина истакна дека од САД има сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија. Сепак, предупреди дека Русија не смее да влезе во процесот со засилена позиција.

– Во последните денови добиваме сигнали од американска страна дека преговорите би можеле да продолжат. Но, со каква позиција ќе дојде Русија – тоа зависи од сите нас, рече Зеленски во видео-обраќање до Европскиот совет.


Според него, пет фактори ја зајакнуваат позицијата на Русија, меѓу кои и растот на глобалните цени на нафтата поради кризата со Иран.

Предупреди и дека Москва може да процени дека Украина ќе се соочи со недостиг на противвоздушни ракети, поради нивната засилена употреба на Блискиот Исток.

Зеленски посочи дека 20-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија е во застој, додека САД делумно ги олесниле санкциите, што, како што рече, носи дополнителни приходи за руската воена машинерија.

Како клучен фактор го наведе и застојот на европскиот пакет финансиска поддршка за Украина вреден 90 милијарди евра.

– Ова е од критично значење за нас тоа е ресурс за заштита на животите, нагласи тој.

Според него, неизвесноста околу деблокирањето на оваа помош дополнително ја зајакнува позицијата на Москва.

Можете да прочитате

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада

Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши