Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија намерно ги напаѓа украинските електрани

Зеленски: Русија намерно ги напаѓа украинските електрани

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија ги напаѓа украинските електрани бидејќи сака да ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови и да се преселат на запад во земјите на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

„Русија провоцира нов бран на миграција на Украинците во земјите на Европската унија“, рече Зеленски во видео обраќањето на самитот на ЕУ, пренесе Ројтерс.

Украинскиот претседател рече дека „рускиот терор“ врз нивните енергетски капацитети има за цел да создаде што е можно повеќе проблеми со струјата и топлинската енергија оваа есен и зима, со цел повеќе Украинци да заминат во европските земји.

Можете да прочитате

Песков: Руската војска го зазеде Покровск по една година борби

Синот на „Ел Чапо“ го смени исказот – се изјасни за виновен за трговија со дрога

Свлечиште потопи усидрени бродови во Перу, најмалку 12 луѓе загинаа, 50 се исчезнати