
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека решавањето на територијалните прашања е невозможно без негов директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин.
Во интервју за Чешкото јавно радио, Зеленски рече дека Украина е отворена за состаноци во кој било формат во кои се вклучени Русија и САД.
„Би сакале Европа да биде присутна во некоја фаза од преговорите, бидејќи дел од нашите безбедносни гаранции е членството во Европската Унија, како и во Коалицијата на волјата“, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.
„Важно е да се сретнеме како три страни, а најмалку што можеме да направиме е да имаме контакт со шефот на руската држава во еден или друг формат. Без тоа, нашите тимови нема да можат да постигнат договори за територијални прашања“, рече Зеленски, додавајќи дека тоа не може да го реши никој друг освен претседателите на државите, рече тој.
Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина треба да се одржи утре во Абу Даби. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, нема да присуствуваат, но дека „можеби ќе има“ одредено присуство на САД.

