Утрински Весник
Свет

Зеленски: Присилете ја Русија на вистински мировни преговори

Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат кон Варшава или Прага

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е од витално важно учеството на Русија во, како што наведе, вистинските мировни преговори и истакна дека оваа земја има „дестабилизирачко влијание“ за голем број прашања, вклучително и климатските промени.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот во видео обраќање, Зеленски го осуди „дестабилизирачкото влијание на Русија“ во време кога светот се соочува со војна, енергетска и прехранбена криза и, како што го нарече, уништување на меѓународните односи какви што ги знаеме, пренесува Ројтерс.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак во понеделникот изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари

Продажбата на пиво во Германија опаѓа, младите бараат алтернативи

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас