Утрински Весник
Свет

Зеленски повика на зајакнување на воздушната одбрана во регионот Харков

Volodimir Zelenski.jpeg

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја истакна важноста од зајакнување на капацитетите за противвоздушна одбрана што ќе го заштити регионот Харков од руските напади, пренесоа украинските медиуми.

-Рускиот терор врз Харков продолжува. Нови напади врз градот и областа. Оштетени се станбени згради и цивилна инфраструктура. За жал, шест лица загинаа. Моето најдлабоко сочувство до нивните семејства и најблиските. Повеќе од 10 лица се повредени, напиша Зеленски на својот фејсбук-профил.

Сите служби за итна помош пристигнале веднаш на местото на несреќата и им ја пружиле потребната помош на сите настрадани, увери претседателот.

-Треба да ставиме крај на овој терор. Исклучително е важно да се зајакне воздушната одбрана за регионот Харков. И нашите партнери можат да ни помогнат во тоа, нагласи Зеленски.

Претходно денеска украинските медиуми објавија дека како резултат на денешниот руски напад насочен против Харков, шест лица загинале, а 11 се повредени.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници