Утрински Весник
Свет

Зеленски, по прекинот на огнот помеѓу САД и Иран, најави дека и Украина е подготвена за примирје со Русија

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го поздрави прекинот на огнот помеѓу САД и Иран истакнувајќи оти Киев е подготвен да „одговори со иста мера“ ако Москва ги прекине нападите.

– Украина отсекогаш повикувала на прекин на огнот во војната што Русија ја води тука во Европа против нашата земја и нашиот народ, а ние поддржуваме прекин на огнот на Блискиот Исток и во Персискиот Залив, што го отвора патот за дипломатски напори. За сите е очигледно дека прекинот на огнот може да создаде соодветни услови за договори – објави Зеленски на „Икс“.


Украина испрати повеќе од 200 специјалисти на Блискиот Исток за да помогнат во спротивставувањето на иранските напади со беспилотни летала. Зеленски најави дека украинските тимови воени експерти ќе продолжат да работат во регионот за да помогнат во понатамошниот развој на безбедносните капацитети.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведе дека Русија се надева оти САД ќе имаат време и простор да ги продолжат трилатералните мировни преговори за Украина.

– Ја поздравуваме одлуката да не се оди по патот на вооружена ескалација… Се надеваме дека во блиска иднина (САД) ќе имаат повеќе време и повеќе можност за состанок во трилатерален формат – посочи Песков алудирајќи на разговорите помеѓу Русија, Украина и САД.

Можете да прочитате

ИАТА: Потребни се неколку месеци за резервите со керозин да се вратат во нормала

Иран постепено одобрува премин низ Ормуската Теснина за пловила на одредени држави

Израел го изврши најголемиот бран напади врз Хезболах во Либан од почетокот на војната