Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Зеленски по големиот руски напад: Ова може да се запре, се зависи од Западот

Зеленски по големиот руски напад: Ова може да се запре, се зависи од Западот
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека руските напади врз цивилни цели можат да бидат запрени само доколку западните партнери ја снабдуваат Украина со неопходното оружје.

dobivaj vesti na viber

„ Што е потребно за ова? Оружјето што е во магацините на нашите партнери и кое нашите војници го чекаа толку долго“, рече Зеленски во ноќното обраќање, по серијата руски ракетни напади врз украинските градови.

„ Целиот свет знае што и како да направи за да ги спречи оние што сеат смрт. Им благодарам на сите што ни помагаат во тоа“ порача тој.

Зеленски рече дека руските ракетни напади денеска погодија енергетски цели, предизвикувајќи нови прекини во снабдувањето со електрична енергија, особено во регионите Киев и Харков.

„ За жал, имаше напади врз енергетската инфраструктура“, рече Зеленски. „ Во овој поглед, најтешка е ситуацијата во регионот на Харков и Киев“.

Цел на Русија беше украинската стратешка енергетска инфраструктура во североисточниот дел на Харков и западниот дел на Лавов, а експлозии се слушнаа и во Киев.

Регионалниот гувернер Валентин Резниченко изјави дека пет лица загинале, а 39 се ранети, меѓу кои и деца, кога ракета погодила станбена зграда во централно-источниот град Днипро.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус