Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ослободени уште 49 Украинци од руско заробеништво

1711810585 Zelenski.webp.webp

– Уште 49 Украинци се ослободени од руско заробеништво, објави денеска на Телеграм украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

-Дома се уште 49 Украинци. Тие се војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда, Националната полиција, Државната гранична служба, како и наши цивили. Поточно Лења Умерова, девојка која Русите ја киднапирале кога дошла да му помогне на својот болен татко. Успеавме да ослободиме уште еден дел од бранителите на Азовстал и херојот на Украина, воениот лекар Виктор Ивчук, напиша Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.

Украинскиот претседател се заблагодари на тимот што обезбедува ослободување на затворениците и заложниците од руското заробеништво.

Началникот на Генералштабот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави дека меѓу ослободените има 15 припадници на Националната гарда, 13 војници на морнарицата, четворица војници на граничната служба, шест војници на вооружените сили, двајца војници, седум цивили и двајца припадници на националната полиција.

-Нашата задача е да ги вратиме сите луѓе дома, рече Јермак.

Комесарот за човекови права на Врховниот совет на Украина, Дмитриј Лубинец изјави дека здравствената состојба на ослободените заробеници е „многу сериозна“ и дека тие изгубиле десетици килограми во заробеништво.

Според него, вкупно 3.569 Украинци се вратени дома од почетокот на војната.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд