Нема закана за инвазија од Белорусија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната средба со воените лидери.
Коментарот на Зеленски доаѓа откако белоруското Министерство за одбрана оваа недела објави дека го очекува пристигнувањето на следната група руски воени единици, како и борци од групата Вагнер, кои ќе учествуваат во заедничка обука со белоруските сили.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, на крајот на минатиот месец изјави дека тој одиграл клучна улога во запирање на бунтот на групата Вагнер и дека руското тактичко нуклеарно оружје пристигнало во земјата, пишува Си-ен-ен.