Утрински Весник
Свет

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

20251017210712 big 730x400 83.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја би можела да им обезбеди на САД „илјадници дронови“ ако Вашингтон им дозволи да „користат ракети Томахавк“.

-Затоа ова е место каде што можеме да соработуваме, каде што можеме да го зајакнеме американското производство – изјави Зеленски за новинарите пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави Си-ен-ен.


Американскиот претседател рече дека САД потенцијално би биле заинтересирани за овој предлог и го пофали производството на ова оружје во Украина.

-Имаме многу дронови во моментов. Ние ги правиме нашите сопствени дронови, но исто така купуваме дронови од други, а тие (Украина) прават многу добри дронови – рече Трамп.

Можете да прочитате

Макрон со предлог за забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Член на Хамас уапсен на аеродромот во Берлин, подготвувал терористички напади

Договорен датум за нови преговори меѓу Русија и Украина