Утрински Весник
Свет

Зеленски: Мировните преговори мора да донесат траен мир

Zelenski.webp.webp

Секој чекор од мировниот процес предводен од САД за Украина мора внимателно да се разгледа за да се обезбеди траен мир и безбедност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од ДПА.

„Украина работи што е можно поконструктивно“, нагласи Зеленски во соопштение објавено на Телеграм.

Претходно тој се обрати преку видео врска до учесниците на Четвртиот парламентарен самит на Кримската платформа во Стокхолм. Зеленски рече дека е од витално значење да се поддржат принципите за кои се залага Европа: „границите не можат да се менуваат со сила; воените злосторници не треба да избегаат од правдата; агресорот мора целосно да плати за војната што ја започнал“. Затоа, одлуките за замрзнатите руски средства се од суштинско значење, додаде украинскиот лидер.

Зеленски ги даде овие забелешки откако американските, европските и украинските претставници се состанаа вчера во Женева за да разговараат за новиот предлог на САД за прекин на конфликтот.

Оригиналниот план од 28 точки, што бараше Киев да отстапи огромни делови од територијата на Русија и да ја ограничи големината на својата армија, беше критикуван од европските сојузници на Украина.

Меѓутоа, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во Женева е постигнат „значаен“ напредок. По консултациите, преговарачите од САД и Украина изготвија ревидирана мировна рамка.

Можете да прочитате

Франција воведува доброволен воен рок

Венецуела го отфрли како апсурден планот на САД за прогласување на „Картел де лос Солес“ за терористичка организација

САД испраќа војници близу Венецуела по прогласувањето на Мадеру за терорист