Утрински Весник
Свет

Зеленски: Крим, како и цела Украина, мора да биде слободен

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Крим, како и цела Украина, мора да биде слободен, наведувајќи дека сите империи низ историјата биле соборени.

По повод Денот на борбата за правата на кримските Татари, кој денеска се слави во Украина, Зеленски во објава на Фејсбук потсети дека советските власти ја започнале депортацијата на кримските Татари од Крим пред 81 година, објави Укринформ.


„Денес е денот што нè потсетува зошто сите брутални империи заслужуваат да паднат“, наведе Зеленски, истакнувајќи дека пред 81 година цел еден народ бил протеран од својата родна земја „и фрлен на пат што станал смртна пресуда за илјадници и илјадници луѓе, за многу семејства“.

Тој потсети дека најмалку една третина од Кримските Татари починале поради болести, глад, исцрпеност и злоупотреба.

Според Зеленски, таа трагедија била овозможена од „криминалниот тоталитарен систем и неказнивоста на лидерите во Москва“.

Зеленски рече дека таква трагедија никогаш повеќе не треба да се случи, но дека во 2014 година имало уште една руска окупација на Крим и поради ова, илјадници семејства сега се повторно разделени.

„Мораме повторно да се бориме за слободата и за нашиот дом“, наведе Зеленски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Папата го прими Зеленски – 24info.mk

Бомбаш самоубиец во Могадишу уби најмалку 13 луѓе

Хорор во Билефелд – најмалку пет жртви се повредени по напад со нож