Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во разговор со новинарите изјави дека украинските контраофанзивни и одбранбени операции се во тек, но тој одби да даде повеќе детали.
На новинарско прашање како да ја коментира изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, кој во петокот рече дека украинските сили ја започнале својата толку најавувана контраофанзива, Зеленски ги крена рамениците и презирно ги крена веѓите, пренесува Ројтерс.
На крајот на мај Украина најави контраофанзива против руските сили.
Украинското Министерство за одбрана минатата недела изјави дека нема да има официјална најава за почеток на контраофанзивата.