Утрински Весник
Свет

Зеленски: Има напредок во разговорите со САД

Zelenski Epa.jpg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека гледа напредок по разговорите со американските претставници за мировен план за Украина, но нагласи дека остануваат сериозни отворени прашања. На прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин, Зеленски истакна дека Украина јасно ја пренела својата позиција, и покрај тоа што Москва бара територијални отстапки.

– Украина се слуша, порача тој. Зеленски негираше дека САД вршат притисок за откажување од територии, наведувајќи дека американската страна само ги пренела ставовите на Москва и сега ќе го претстави украинскиот став. Тој додаде дека постојат најави за можни безбедносни гаранции слични на Членот 5 од НАТО, но клучно прашање останува начинот на следење на евентуален прекин на огнот. Москва, пак, одбива примирје без сеопфатен мировен договор.

Можете да прочитате

Повеќе од сто илјади луѓе евакуирани поради поплави во северозападниот дел на Мароко

Си Џинпинг го покани Путин во официјална посета на Кина во првата половина од годината

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина