Утрински Весник
Свет

Зеленски и Макрон разговараа час и половина за посетата на Кина и обезглавениот војник

Зеленски: Имавме важен и продуктивен разговор со Макрон за јакнење на нашата одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон попладнево разговараа речиси час и половина, а украинскиот претседател му се заблагодари на францускиот колега за континуираната поддршка.

dobivaj vesti na viber

Војната во Украина, недамнешното патување на Макрон во Кина и видеото од наводното обезглавување на украинскиот војник беа теми на разговор меѓу двајцата лидери.

Зеленски рече дека ја пофалил „намерата на Франција дополнително да ја зајакне важната поддршка на Украина на бојното поле“ и дека „ја изразил својата благодарност за осудата на ужасното, нехумано погубување на украинскиот војник извршено од руски воени злосторници“..

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време