Утрински Весник
Свет

Зеленски го повика Ватикан да придонесе за спроведување на украинскиот мировен план

Зеленски го повика Ватикан да придонесе за спроведување на украинскиот мировен план
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Ватикан да придонесе за спроведувањето на украинскиот мировен план на средбата со пратеникот на папата за руската војна во Украина.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот кардинал Матео Зупи, кој беше задолжен од папата Франциско да спроведе мировна мисија и да се обиде да помогне да се стави крај на војната во Украина, го посети Киев. Зеленски рече дека разговарале за ситуацијата во Украина и хуманитарната соработка „во рамките на украинската мировна формула“.

„Само заеднички напори, дипломатска изолација и притисок врз Русија можат да влијаат на агресорот и да донесат праведен мир во украинската земја“, напиша Зеленски на апликацијата „Телеграм“.

„Ја повикувам Светата столица да придонесе за спроведување на украинскиот мировен план. Украина ја поздравува подготвеноста на другите земји и партнери да најдат начин за мир, но бидејќи војната е на наша територија, алгоритмот за постигнување мир може да биде само украински“, додаде тој.

Зеленски се состана со папата Франциско во Ватикан во мај.

Мировниот план на Зеленски бара обновување на територијалниот интегритет на Украина, повлекување на руските сили, прекин на непријателствата и обновување на државните граници на Украина.

Пред патувањето на папскиот пратеник, Ватикан објави дека главната цел на посетата е да се сослуша ставот на Киев за начините за „постигнување праведен мир и поддршка на хуманитарните гестови кои можат да помогнат во намалувањето на тензиите“.

Спомнувањето на „хуманитарните гестови“ се чини дека е упатување на барањето на Киев за помош за враќање на нелегално депортираните украински деца, за што беше обвинета Русија, но Зеленски денеска не коментираше за тоа прашање.

Можете да прочитате

Путин го свика Советот за безбедност откако САД тестираа интерконтинентална ракета

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил