Утрински Весник
Свет

Зеленски го отфрли договорот за минерали со САД

Zelenski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.

„За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција“, рече Зеленски.


Тој не навлезе во детали зошто им наложил на своите службеници да не го потпишуваат документот, кој во средата им беше даден на украинските власти од американскиот министер за финансии Скот Басент за време на посетата на Киев.

Предлог договорот беше клучен дел од разговорите на Зеленски со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Тој се однесува на тоа како САД би можеле да го искористат рудното богатство на Украина, како компензација за поддршката што веќе и е дадена на Украина од администрацијата на Бајден и како еден вид аванс за идна помош, изјавија украински официјални лица.

Украина има големи резерви на минерали кои се користат во воздухопловната, одбранбената и нуклеарната индустрија.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства