Утрински Весник
Свет

Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата

1730360137 Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ги посетил украинските сили во близина на линијата на фронтот во јужниот регион Запорожје, што е негово ретко патување во областа каде што Русија е осомничена дека подготвува офанзива.

„Запорожје. Нашите војници од 27-та артилериска бригада… Тие работат на одбрана на нашите региони Запорожје и Доњецк (на исток) од окупаторите“, изјави Зеленски на платформата Х .


Украинскиот претседател објави видео во кое им се обраќа на своите сили на таканаречената дивизија ХИМАРС, воената единица која прва ги прими овие повеќенаменски ракетни системи испорачани од САД.

На видеото може да се види како Зеленски шета со војниците во шума и им дели одликувања на војниците во простори што наликува на подземно засолниште.

Зеленски редовно ги посетува своите сили во областите во близина на линијата на фронтот од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Меѓутоа, тој не го посети релативно стабилниот јужен фронт од почетокот на годината, а најмногу ги посетува армиските позиции на истокот и северот на земјата, што се цел на интензивни руски напади.

Украинските војници и експерти веруваат дека Москва би можела да подготви нова копнена офанзива на југот. Таквата операција би претставувала предизвик за украинската армија, која веќе се бори на источниот фронт.

Можете да прочитате

Во војната во Украина веќе има еден милион убиени и повредени, проценува НАТО

Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа

Руте: Не сме подготвени за тоа што го подготвува Путин