Утрински Весник
Свет

Зеленски е подготвен да се откаже од членството на Украина во НАТО во замена за безбедносни гаранции од САД и ЕУ

20251215092019 big 730x400 12.webp.webp

Украина е подготвена да се откаже од инсистирањето за членство во НАТО доколку САД и европските партнери понудат доволно безбедносни гаранции како дел од преговорите за мировниот договор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Фајненшл тајмс.

„Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД – по модел сличен на Член 5… како и гаранции од нашите европски партнери и од други земји како што се Канада, Јапонија и други“, им рече Зеленски на новинарите во групен разговор.

Украина и европските лидери работат на мировен план од 20 точки подготвен од САД, кој вклучува и територијални отстапки во корист на Русија.

Зеленски веќе објави дека сè уште не добил одговор од Белата куќа за амандманите предложени од Киев на документот.

Во Берлин вчера се одржаа консултации меѓу претставници на Германија, Велика Британија и Франција за предлозите за завршување на војната, пред состанокот на Зеленски со лидерите на трите земји.

Зеленски вчера имаше петчасовен разговор со американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џеред Кушнер, а по средбата најавено беше дека разговорите ќе продолжат и денеска. 

Можете да прочитате

Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во  Сиднеј

Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри