Утрински Весник
Свет

Зеленски договорил ​​во Украина да се произведуваат турски беспилотни летала

Зеленски договорил ​​во Украина да се произведуваат турски беспилотни летала
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека турската воена компанија „Бајкар“ ќе отвори фабрика за производство на беспилотни летала во Украина.

dobivaj vesti na viber

Зеленски, по разговорот со директорот на компанијата Халук Бајрактар ​​во Киев, додаде дека во производството ќе се користат делови од Украина, пренесува „Ројтерс“.

На средбата Зеленски му додели Орден за заслуги на Бајрактар, а од гостинот доби традиционална украинска кошула со мотив на дрон.

Украина интензивно ги користи беспилотните летала „Bayraktar TB2“ за уништување на руски артилериски системи и оклопни возила.

Русија претходно и се пожали на Турција поради продажбата на дронови на Украина.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп