Утрински Весник
Свет

Зеленски: Би сакале да се сретнеме со Кина

Зеленски: Би сакале да се сретнеме со Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел никаков кинески мировен план, но дека ќе ја поздрави средбата меѓу Украина и Кина, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Би сакале да се сретнеме со Кина“, рече тој за време на прес-конференцијата во Киев, што ја одржа со шпанскиот премиер Педро Санчез во пресрет на првата годишнина од руската инвазија на Украина.

Да потсетиме, шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, објави дека неговиот кинески колега Ванг Ји ги споделил со него „клучните елементи од кинескиот мировен план“ за време на состанокот во Германија претходно оваа недела.

„Очекуваме дека ќе го споделат целиот текст на мировниот предлог со нас бидејќи тоа не е нешто за што можете да донесувате заклучоци по разговорите“, рече Кулеба. Обраќајќи им се на новинарите синоќа во Њујорк на Генералното собрание на ОН, Кулеба рече дека Украина е „отворена за дискусии на оваа тема“.

„Подготвени сме да разговараме со оние што имаат идеи што може да ни помогнат да ја постигнеме таа цел“, тврди Кулеба. Но, украински функционер вчера предупреди дека ниту еден мировен план не треба да ги преминува црвените линии поставени од Киев.

„Тие црвени линии се принципи на Повелбата на ОН и вклучуваат почитување на територијалниот интегритет на Украина“, рече тој, а потоа додаде: „Нема преговори за ниту една украинска територија. Претседателот Зеленски тоа јасно го кажа во неколку наврати“, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк