Утрински Весник
Свет

Зеленски ја повика ЕУ да ги забрани сите руски ТВ канали

Зеленски ја повика ЕУ да ги забрани сите руски ТВ канали

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика земјите од Европската унија да го забранат емитувањето на сите руски ТВ канали на нивна територија.

dobivaj vesti na viber

„Ниту еден руски државен канал не треба да смее да работи во рамките на ЕУ“ – рече Зеленски, пренесе РИА Новости.

Украинскиот лидер исто така уште еднаш ги повика европските земји да го забранат влезот на руските граѓани и да го блокираат рускиот банкарски систем.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, претходно денеска изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле целосно да го суспендираат договорот за визно олеснување со Русија, што ќе го отежне влезот на руските граѓани во ЕУ.

 

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон